Македонскиот шампион Ѓорче Петров очекувано се пласира во следната рунда на ЕХФ Европскиот куп.
Ѓорчепетровки и реванш натпреварот беа подобри од екипата на Тиват.
Ѓорче Петров го совлада црногорскиот тим со 29:24.
Од самиот почеток нашиот тим ја презеде контролата над резултатот и ја зголемуваше предноста. Во 25-тата минута имаше Ѓорче +8 (14:6), а на полувреме замина со +6 гола разлика 15:9.
Во 35-та минута Тиват со серија 5-1 успеа да ја намали негативата на 14:16.
Ѓорче се обидуваа да ја одржат предноста иако ракометарки на Тиват не се откажуваа и даваа се од себе да израмнат. Сепак ,,лавиците” одиграа поквалитетно и заслужено ја победија црногорската екипа со 29:24.
Најефикасна од Ѓорче беше Емилијана Ризоска со седум погодоци , додека Ангела Јанкуловска даде пет гола.
Ивона Кимовска