Во третото коло од женската Супер лига екипата на Вардар го совлада тимот на Овче Поле СУ со убедливи 45:22.

Двете екипи влегоа во натпреварот мотивирано и се играше изедначено се до 9-тата минута.

Вардар со серија 5-0 успеа да поведат со 13:8. Црвено-црните во следните петнаесет минути само ја зголемуваа предноста, па на полувреме заминаа со +11 (23:12).

Второто полувреме беше само формалност, Вардар го даде својот максимум и беше незапирлив. Па крајниот резултат беше 45:22 за домашната екипа.

Најефикасни од победничкиот тим беа Сара Стефаноска, Симона Василева и Ивона Трпевска со по осум гола.

Кај гостинската екипа на Овче Поле Славјански Универзитет Јована Конева даде шест гола.

Ова беше единствениот денешен натпревар во жеската Супер лига, во која утре ќе се одиграат четири меча.

СУПЕР ЛИГА– 3.КОЛО – ЖЕНИ
недела
12:00 AСТИБО – ГЕВГЕЛИЈА
13:00 ШАМПИОН – КУМАНОВО
13:00 СПАРТАК – ДЕСПИНА
17.00 ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ
сабота
ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ  45-22

Ивона Кимовска