Денеска на фудбалските терени ширум државата ќе се одиграат 12 натпревари од првата рунда во Kупот на Македонија.

Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, имаат директно место (учество) во вториот круг од натпреварувањето, односно во 1/8 финалето. Тоа се, освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струга Трим Лум, Шкендија и Силекс.

Од прволигашите може да се кажи дека најтешка задача ќе има скопски Вардар, кој гостува кај амбициозниот второлигаш, екипата на Беса.

Кожуф после 5 одиграни кола има 5 победи, а тоа дава до знаење дека Брера Струмица ќе мора многу да се намачат доколку сакаат да слават на овој натпревар.

Интересно ќе биди и во Охрид каде што ќе гостува екипата на Детонит Плачковица, која имаше одличен старт оваа сезона и се наоѓа на втората позиција во Втора лига.

Во првата рунда ќе се игра еден натпревар и тоа.

ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА
1/16 ФИНАЛЕ:
ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА
БАШКИМИ – СКОПЈЕ
АРЕСИМИ – ТИКВЕШ
КОЖУФ – БРЕРА Струмица
КАРБИНЦИ – ВОСКА Спорт
ОХРИД – ДЕТОНИТ Плачковица
БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР
БФК КОЊАРЕ – ШКУПИ
БЕСА – ВАРДАР
ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ
ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР

Во случај на нерешен резултат се пристапува кон изведување на пенали.