Со четирите натпревари одиграни денеска комплетирано е 1.кол од новата сезона во женската ракометна Супер лига.

Фаворитите ги оправдаа очекувањата и славеа победи и тоа убедливи.

Во првиот натпревар, тимот на Астибо ја пречека екипата на Скопје. Скопјанки беа убедливи славејќи со десет гола разлика (37:27).

И екипата на Стружанка, но на домашен терен, без мака ја оствари правдата победа. Стружанки славеа во дуелот со  Деспина со 25:16.

Најубедлив беше актуелниот бранител на титулата, Ѓорче Петров кој во Битола ја совлада екипата на Пелистер со 42:27.

Последниот натпревар на денешната програма го одиграа тимовите на Овче Поле и Шампион. Домашната стигна до триумф со 30:22.

Во текот на вчерашниот ден, беа одиграни три натпревари.

Дебитантот Металург Автокоманда ја совлада екипата на Спартак со 31:23.

Дербито меѓу Вардар и Чаир заврши реми со 29:29, а освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Куманово ја победи Гевгелија со 43:15.

Ивона Кимовска