Со седумте натпревари од премиерното коло, овој викенд започнува ракометната Супер во женска конкуренција.

Титулата ќе ја брани екипата на Ѓорче Петров, а неа како и лани, ќе ја предизвикаат Куманово, Вардар и Чаир.

Уште на стартот не очекува првото дерби. Во него екипата на Вардар го пречекува тимот на Чаир, во натпреварот што ќе се игра денеска од 18 часот, во спортската сала „Круме Кепески“.

Претходно сезоната ќе ја отворат екипите на Металург Автокоманда и Спартак. Во последниот натпревар од денешната програма ќе играат на Купот екипата на Куманово и Гевгелија во салата „26-ти Април“.

Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат четири натпревари. Штипскиот тим Астибо ја пречекува екипата на Скопје.

Стружанка ќе игра против тимот на Деспина, шампионот Ѓорче Петров одбраната на титулата ја почнува со натпреварот против Пелистер во Битола.

Екипите на Шампион и Овче Поле ќе го играат последниот натпревар од првото коло.

РАКОМЕТ – СУПЕР ЛИГА ЖЕНИ 1.КОЛО
Сабота
МЕТАЛУРГ А. – СПАРТАК 14:00 часот
ВАРДАР – ЧАИР СКОПЈЕ 18:00
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО 20:00
Недела
АСТИБО – СКОПЈЕ 12:00
СТРУЖАНКА – ДЕСПИНА 13:30
ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 14:30
ШАМПИОН – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 19:00

Ивона Кимовска