Откако синоќа беше комплетиран и последниот пар за четвртфиналето, денеска започнува оваа рунда со два натпревари во Варна.
За место меѓу четирите најдобри на континенталното првенство ќе се борат Словенија – Украина и Романија – Франција.
Тие ќе ги дадат првите две репрезентации што ќе обезбедат пласман во полуфиналето, што ќе се игра во Рим, за каде се предвидени и дуелите за медал.
Победникот од мечот Словенија – Украина во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од утрешниот дуел меѓу Србија и Полска.
Вториот полуфинален пар ќе го формираат победниците од натпреварите Романија – Франција (вечерва) и Италија – Холандија (утре).