Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија денес беше одржана ждрепката за натпреварувачки броеви во женската Супер лига.
На стартот на новата сезона ќе го гледаме и првото дерби, дуелот меѓу Вардар и Чаир.
Во нивата сезона ќе се натпреваруваат 14 екипи. Металург и Кузман не се натпреваруваат, а нова е екипата на Металург Автокоманда.
Сите екипи ќе играат секој со секого и ќе има вкупно 26 кола.
Супер лигата ќе започне наредниот викенд (16-17 септември).
ЖЕНСКА СУПЕР ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО
ГЕВГЕЛИЈА -КУМАНОВО
ШАМПИОН – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
АСТИБО – СКОПЈЕ
ВАРДАР – ЧАИР
ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
СТРУЖАНКА – РК ДЕСПИНА
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СПАРТАК
Ивона Кимовска