Претстојните евро-квалификациски натпревари на македонската репрезентација, се причината поради која натпреварите од 6.коло во ПМФЛ се играат денеска.

Дерби дуелот ќе се игра во Тетово, каде првопласираната Шкендија го пречекува составот на Шкупи кој е четврто рангиран.

Кај второ пласираната АК Брера во Струмица гостува Работнички.

Во скопското „дерби“ Вардар ќе ја брка првата победа во натпреварот со Македонија Ѓорче Петров.

Гостиварци кои пред две кола ја впишаа првата прволигашка победа се домаќинот на Силекс, а во Охрид, Воска Спорт се среќава со трето пласираната Брегалница.

Поради вчерашното гостување на Струга ТЛ на Исланд, натпреварот меѓу актуелниот првак и Тиквеш ќе се игра во понеделник.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 6.КОЛО
сабота од 16 часот

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
АП БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ГОСТИВАР – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ   во понеделник