Втор ден натпревари на Европското првенство за одбојкари.

вечерва се играа по еден натпревар во групите Б и Д чии домаќини се градовите Вардар и Тел Авив.

Во Б групата, домаќинот Бугарија загуби од Шпанија со 3:1 во сетови. Шпанците триумфот го најавија во првите два сета кои ги добија со 25-17 и 25-21. Домаќините успеаја да го добијат третиот сет (25-21), но не и да направат комплетен пресврт. „Црвената фурија“ го речи четвртиот сер во своја полза со 25-19, а со тоа стигна до првата победа на шампионатот.

Останатите четири селекции кои ќе играат во Варна се: Финска, Словенија, Украина и Хрватска.

Во конкуренцијата Д во Тел Авив, по голема драма и пресврти домаќинот Израел со 3:2 ја доби Грција. По сетови резултатот се движеше, 25-17, 27-29, 21-25, 25-21 и 15-13.

Во оваа група се и селекциите на Романија, Франција, Турција и Португалија.

Утре започнуваат и натпреварите во Ц групата во Скопје.

На отворањето репрезентацијата на Македонија за противник ќе ја има Данска. Дуел во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне од 20 часот.

Во „скопската – Ц“ група ќе играат и селекциите на Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.