Втор ден натпревари на 33-тото Европското првенство за одбојкари.

По вчерашната стартна победа на актуелнот шампион Италија во рамкте од „А“ групата, денеска два натпревари.

Во Тел Авив каде ќе се играат натпреварите во „Д“ конкуренцијата домашната селекција на Израел за противник ќе ја има Грција.

Во оваа група се и селекциите на Романија, Франција, Турција и Португалија.

Варна е домаќин на селекциите кои ќе се натпреваруваат во „Б“ груоата. Во неа, вечерва домаќната селекцијата на Бугарија ќе игра против Шпанија.

Останатите четири селекции кои ќе играат во Варна се: Финска, Словенија, Украина и Хрватска.

Она што македонската спортска јавност го очекува е првиот натпревар на македонските одбојкари.

До него одбројуваме уште еден ден, односно во среда во СЦ „Борис Трајковски“ Македонија од 20 часот ќе игра против Данска.

Во „Ц“ групата во Скопје ќе играат и селекциите на Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.