Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на денешната средба со медиумите ги откри своите планови за понатамошна пред се стабилизација на клубот, резултатски и кадровски.
Вардарци лоша ја започнаа сезоната. Во четирите одиграни натпревари од можни 12 освоија само еден бод. По две кола, дојде и до промена на тренерското место (Александар Васоски) како и функцијата спортски директот (Ѓоко Хаџиевски).
На официјалното преставување, Миле Неделковски, претставникот на „Комити“ информираше дека преку здружението „35 години вардарци” ги презедоа акциите на клубот.
„Преземањето на акциите не значи дека ние сакаме да раководиме со клубот туку тоа беше принудно решение за да го извадиме клубот од проблемите во кои беше. Ние ќе работиме Вардар да застане на сигурни нозе. За тоа ќе мора да биде донесена политичка одлука. Без разлика кој политичка партија ќе биде на власат, мора да застане зад Вардар“, изјави претставникот на „Комити“ Неделковски.
За најавата дека Град Скопје ќе застане повторно за Вардар, Неделковски изјави.
„Помина една позитивна одлука за Вардар. Процедурално мора да има и втора. Станува збор за помош од милион денари, солидни средства да функционираме до крајот на годините. Се надеваме дека Вардар ќе влезе во буџетот на Град Скопје за наредните години. За тоа ќе инсистираме Градот да влезе како акционер.
На прашањето дали може да се трансформира во АД независно од Градот Скопје, Неделковски одговори.
„Ние поднесовме барања до јавните институции, за решавање за дел од долговите кои клубот ги има кон нив. За жал, сеуште немаме одговор од нив. Ние се залагаме за институционално, а не политичко решавање на проблемите во Вардар“.
Тој уште еднаш ги повика приватните компании да се вклучат во овој проект, за кој голема помош се очекува и од Ѓоко Хаџиевски.
„Во клубот се приклучив само со едена цел. Што е можно повеќе да помогнам, како со моето тренерско искуства, така и со личните контакти. Со Вардар немам никаков договор, практично тука сум волонтерски. Мојата улога е што е можно повеќе да помогнам, како во организациската структура, играчкиот кадар, така и да привлечам повеќе луѓе кои знам дека може да му помогнат на клубот“, изјави новиот спортски директот Ѓоко Хаџиевски.