Шеикот Сауд Али Ал Тани од Катар е избран за претседател на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на 22-от Конгрес одржан во Манила (Филипини).
Мандатот на новиот претседател и новоизбраниот Главен одбор на ФИБА ќе важи до 2027 година.
Шеикот Сауд Али Ал Тани го наследи претседателот во заминување Хаман Нијанг, откако беше едногласно избран од сите присутни делегати. Од 2019 година е потпретседател на ФИБА, а претседател на ФИБА Азија од 2002 година. Претходно беше претседател на Кошаркарската асоцијација на Катар и потпретседател на Олимпискиот комитет на земјата.
„За мене е голема чест да ја преземам оваа голема одговорност за мене, за мојата земја, за континентот Азија. Сега ги застапувам интересите на 212 национални федерации на сите пет континенти. Кошарката е глобален спорт и таа е нашата најголема сила. Денеска можам да дадам само едно ветување, а тоа е дека ќе работам напорно со челниците на ФИБА и со целиот главен комитет за доброто на кошарката и за доброто на ФИБА“, рече новоти претседател.
Членовите на Главниот одбор на ФИБА, заедно со новоизбраниот претседател и благајник, ќе им се придружат на генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис, како и на претседателите на петте регионални организации на ФИБА – Анибал Манаве (ФИБА Африка), Фабијан. Боро (ФИБА Америка), др. К. Говиндрај (ФИБА Азија), Хорхе Гарбахоса (ФИБА Европа) и Дејвид Рид (ФИБА Океанија), со мандати до 2027 година.
Централниот одбор ќе предложи и претставник во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) од САД како и претставник на играчите.
Комитетот ќе го одржи првиот состанок во сабота на 9 септември во Манила, последниот викенд на Светското првенство во кошарка за мажи, кое започнува на во петок, а ќе се одржува на Филипините, Јапонија и Индонезија.