Екипата на Интер Мајами, предводена од Лионел Меси стигна до својот прв историски трофеј.

Тимот од Флорида го освои Лига купот откако во финалето го совладаа Нешвил по подобро изведување на пенали со 11:10.

Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, а Лионел Меси во 23.минута постигна еврогол за водство на Интер.

Во вториот Нешвил преку Пикоулт во 57.минута, го израмни резултатот на 1:1 кој остана до крајот, по што пеналите решаваа за трофејот.

Фудбалерите шутираа дури 11 серии.

Меси, Бускетс и Алба беа прецизни за Интер Мајами, Уљоа го промаши шутот за победа во петтата серија. На спотивната страна Леал во втората и Панико во решавачката 11-та серија беа непрецизни за Нешвил.

Меси на тој начин подигна уште еден трофеј и со 44 вкупно е играчот со најмногу трофеи во историјата.

Прогласен е и за најдобар играч на финалето, а до трофејот го предводеше Интер со дури 10 гола на седум натпревари во Лига купот.