Вложувањето во младите категории и создавање на силна и здрава конкуренција е еден од приоритетите на Вардар.

Па така екипата на Вардар се засили со младиот 16-годишен голман Дамјан Стојковски.

Шеснаесет годишниот Стојковски ќе брани за младите категории но, и за првиот тим. Тој во моментов е во Струга на турнир со првиот тим каде ќе има шанса да го покаже својот квалитет.

Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде многу позитивно коментари за него и му предвидува добра кариера ако продолжи да работи напорно како и досега.

Вардар сезонава ќе ги има сите младински категории пријавени во системот на РФМ.

Покрај задолжителните пионерски категории , Вардар ќе има и кадетска и младинска генерација.

Тимот на Вардар на турнирот во Струга утре игра против екипата на Ескилстуна
со почеток од 18:30 часот.

Ивона Кимовска