Англија е вториот финалист на женското Светско фудбалско првенство. Ова откако попладнево Англичаните со 3-1 ја победија домашната селица на Австралија во вториот полуфинален натпревар на Мундијалот.
Англија преку Ела Тун во 36-тата минута поведе со 1-0 што беше и резултат на полувремето.
Во вториот дел Австралија израмни во 63-тата преку Саманта Кер, која искористи асистенција на Катрина Гори.
Сепак, само осум минути подоцна Англија дојде до ново водство. Се играше во 71.минута кога Мили Брајт проигра преку Лорен Хемп, која одлично се снајде и ја затресе противничката мрежа.
Дилемата околу прашањето за победникот дефинитивно ја отстрани Алесија Русо во 86.минута која го постави конечниот резултат 3-1.
Да потсетиме, Шпанија славеше над Шведска (2-1), која на 19 август во Бризбејн ќе се бори за третото место со Австралија, додека финалето меѓу Шпанија и Англија е закажано за ден подоцна (недела) во Сиднеј.