Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни средбите од 2-то коло.
Дербито се играше во Маџари каде Шкупи со голот на Бразилецот, Нилтињо го совлада Вардар.
До втората своја победа во новата сезона стигнаа струмичка Брера и кавадаречки Тиквеш, кои беа подобро од новајлиите Воска и Гостивар.
Први победи впишаа и екипите на Силекс во дуелот со Работнички, односно Македонија ЃП која беше подобра од Брегалница.
Поради настап на европската сцена натпреварот меѓу Шкендија и Струга ТЛ е закажан за 30 август.
ПМФЛ – 2.коло
Вардар – Шкупи 0:1
АП Брера Струмица – Воска Спорт 2:0
Гостивар – Тиквеш 0:3
Македонија ЃП – Брегалница 1:0
Силекс – Работнички 2:0