Лионел Меси не преставува да ја воодушевив американската публика. Неговото доаѓање го препороди тимот на Интер Мајами кој сега го брка првиот трофеј во својата кратка историја.
Мајами славеше Шарлот со 4:0 и се пласираше во полуфиналето на Лига купот.
Веќе во 12.минута Мартинез од пенал го отвори резултатот. Во 32-та следуваше голот на Тејлор, а во 78-та Маланда си постигна автогол за 3:0.
Точка на натпреварот стави Лионел Меси со голот во 86-тата минута по асистенција на Кампана.
Ова беше осми гол на Меси во петте одиграни натпревари за Интер Мајами, на кои Аргентинецот секогаш се впишуваше во листата на стрелци.
Така тимот на Интер Мајами од најлош тим во МСЛ лигата, со доаѓањето на Меси, Бускетс и Алба, стана главен фаворит за освојување на Лига купот, што би бил прв трофеј во кратката историја на клубот.
Ривал на Интер Мајами во полуфиналето ќе биде Филаделфија.