Стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига им припадна на гостинските екипи.
По победата на Рајо Ваљекано кај Алмерија, и Валенсија славеше во дербито кај Севиља со 2:1.
Иако во првиот дел се играше отворено, а двата тима имаа добри шанси за гол селак резучтатот остана 0-:0.
Трите гола беа постигнати во второто полувреме. Во 60-тата минута гостите поведоа со голот на Диакаби.
Веќе во 69.минута беше 1:1. По одлична акција на Севиља, Сусо го пронајде Ен Незири во шеснаесетникот, кој со глава погоди за израмнување.
Валенсија до трите бодови стигна преку Хави Гуера во 82-та минута. Севиља можеше да израмни во судиското дополнение, но стативата беше сојузник на тимот од „Местаља“.