Кирил Лазаров селекторот на машката македонска ракометна репрезентација денеска ја имаше првата прозивка на играчите кои се најдоа на неговиот список за првите два натпревари од новиот цуклус квалификации за ЕП 2024-та.
Со само тројца интернационалци и дури 18-мина од домашното првенство, но и без повредениот Манасков, Македонија ќе ја пречека аутсајдерската селекција во групата Луксембур во првиот меч од квалификациите.
Дуелот со Луксембург ќе се игра во среда (12 октомври) во СЦ „Борис Трајковски“, по што во недела (16 октомври) ќе следува гостувањето во Ван кај Турција.
Во групата од која само последно рангираната нема да обезбеди пласман на Европскиот шампионат, Македонија за противник ќе ја има и Португалија