Во Втората македонска фудбалска лига денес со почеток од 17 часот ќе се одиграат сите 8 натпревари од првото коло.

Според тоа како беа активни во летниот трансфер период, најголеми амбиции за прва лига имаат екипите на Пелистер и Беса.

Битолчани својот пат кон прва лига го започнуваат на жешкиот терен во Струмица, каде што нивни домаќин ќе им биде екипата на Беласица.

Беса исто така првиот натпревар ќе го има на гостински терен во Кочани. Екипата на Осогово иако важи за аутсајдер, сепак нема со бело знаме да излези на овој натпревар.

Во Прилеп ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на Победа и Тетекс. Овие две екипи некогаш важеа за синоним во македонскиот фудбал, а денес се во грчевита борба во втората лига.

Повратникот Башкими, на својот терен во Куманово ќе ја пречека екипата на Охрид и се очекува кумановската публика повторно да се врати на стадион.

ВТОРА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА  ЛИГА
Сабота 17 часот
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР
БАШКИМИ – ОХРИД
ПОБЕДА – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – БЕСА
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ВАРДАР НЕГОТИНО
КАМИЦА САСА – СКОПЈЕ
КОЖУФ – КАРАОРМАН
НОВАЦИ – АРСИМИ