Марин Докузовски како селектор ја предводеше Македонија до најголемиот успех на репрезентативниот спорт. Освојувањето на 4.место на ЕП во Литванија на македонските кошаркари останува запишано со големи букви во историјата на македонскиот спорт.
По пауза од осум сезони Докузовски пак ќе работи во мак-баскетот. Овојпат како предводник на МКК Куманово информираа од клубот.
„Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години“,
стои во објавата на клубот на нивниот Фејсбук профил.
Кумановци би требало да имаат два тима во Втората лига. Постариот клуб, КК Куманово лани испадна од прволигашката конкуренција, а МКК Куманово заврши во четвртфиналето од плеј-офот на Втората лига.
Имајќи во предвид дека МКК Куманово го најави Докузовски, останува отворено прашањето за „постариот брат“. Со оглед на големите долгови што ги има тимот (сезони наназад), повеќе од јасно е дека најверојатно тој ќе згасне!?
Докузовски последен пат во мак-баскетот беше инволвиран во сезоната 2015-та кога го предводеше Работнички, на лие чело сега е Димитар Мираковски, кој во тој период беше помошник на Марин.