Со мало задоцнување попладнево со ждрепка во ФФМ беше беа одредени двојките за новата сезона во Втората македонска лига.
Првата рунда второлигашите ќе ја играат една седмица по прволигашите. Имено, во недела стартува сезоната во Првата лига, додека во Втората почетокот е закажан за 12 август од 17 часот.
Ако се „мери„ според минатогодишната сезона, но и новите засолување во екипите, тогаш битолски Пелистер важи за главен фаворит. Битолчани ќе почнат од Струмица со гостувањето кај Беласица.
Двојки за 1.коло во Втората лига
БАШКИМИ – ОХРИД Лихнидос
ПОБЕДА – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – БЕСА
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – АРСИМИ
КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ
ДЕТОНИТ Плачковица – ВАРДАР Неготино
КОЖУФ – КАРАОРМАН