Сара Миновска е новото засилување на тимот на Металург Автокоманда. Таа беше дел од екипата на ЖРК Вардар како и еден од клучните играчи во тимот.

Сара која игра на позицијата лево крило, е четвртото засилување за тимот на Металург Автокоманда. Претходно потпиша и: голманката Амра Илјаз, Миа Маринчов,
Михаела Кралева и Таида Беровиќ.

Металург Автокоманда е ново создаден клуб и ќе игра во женската Супер лига.

Миновска има настапувано за младинската и сениорската репрезентација на Македонија. На ЕХФ Шампионатот што се одржа во 2021, таа беше прогласена за најдобро лево крило.

Се очекува во наредните неколку дена Металург Автокоманда да претстави уште нови засилувања за сезоната што следува.

Ивона Кимовска