Штипска Брегалница има сериозни амбиции во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Од клубот денеска информираа дека ангажираат уште еден странски фудбалери.  

Роналдо Ромарио Вебстер од Јамајка е најновото засилување на Брегалница за новата сезона.

22-годишниот Вебстер кој игра на десно-крилната офанзивна позиција, доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка. Тој претходно има настапи и за ФЦ Рено, исто така во домашниот шампионат. Вебстер досега има и еден официјални настап за репрезентацијата на Јамајка.

Вебстер е вториот фудбалер кој доаѓа од Јамајка во редовите на штипскиот тим. Пред него тоа го стори Колин Андерсон кој исто така е репрезентативец на оваа земја

Претходно, Брегалница се засили и со интернационалците, Самал Дикенс од Панама и Фабрицио Венегас од Костарика. Од македонските фудбалери Бтрегалнција ги ангажира: Филип Стојчевски од Силекс, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов.

Во меѓувреме продолжуваат активните подготовки на составот на Горан Здравков за новата сезона во ПМФЛ. Поради технички причини, одложен е пријателскиот натпревар со Теута кој требаше да се игра во Банско.