Сите со големо неверување ја примивме веста дека еден од најтрофејните македонски кошаркарски клубови од Кавадарци, Еуро Никел (поранешен Фени Индустри) се откажува од Првата лига за сезоната 2023/24!

Во СООПШТЕНИЕТО се вели:

,,Согласно известувањето што беше доставено до вас, за престанување на спонзорирање на Еуро Никел индустри ДОО Кавадарци во нашиот клуб и во спортот воопшто, ве известување за следното: ,,МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на кфсм и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови во клубот и се слободни да се приклучат во останатите клубови. Со почит Еуро Никел ДООЕЛ

СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ОД КАВАДАРЕЧКИОТ КЛУБ”.

Па така еден од најголемите расадници на кошаркарски таленти во државата и еден од најважните кошаркарски центри е пред гаснење со оваа одлука.

Фирмата Еуро Никел повеќе од 15 години беше спонзор на клубот кој во својата историја има три шампионски титули на Македонија, две во Купот и една титула во БИБЛ лигата.