Ивана Џатевска е ново засилување на екипата на Чаир. 20-годишната Ивана игра на позицијата кружен напаѓач.
Ивана прво беше дел од Вардаровата школа, па потоа и член на првиот им тим на Вардар.
Со Вардар има освоено титули во националното првенство. Џатевска има настапувано за сениорската репрезентација на Македонија на Европското првенство што се одржа во Скопје претходната година.
На Чаир ова е четврто засилување за наредната сезона, откако потпишаа Марија Галевска од Овче Поле, Клеа Ајвази од Косово и Турчинката Севде Озкан.
Чаир претходната сезона заврши на третата позиција и си обезбеди место во Европскиот Куп. Прв натпревар во Европскиот Куп на Чаир ќе биде против екипата на Венло од Холандија.
Ивона Кимовска