Матеус Лемо е новото засилување на екипата на ФК Вардар. 26-годишниот Бразилец во редовите на Вардар доаѓа од градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров.

За него ова ќе биде трета сезона во македонскиот шампионат. Во претходните две Лемо успеа два пати да го освои купот на Македонија.

Екипата на Вардар со ова засилување покажува дека полека ги надминува финансиските проблеми. Црвено-црните подготвува тим кој ќе биде конкурентен за да атакува на повисока позиција.

Управата на Вардар му посака топло добредојде и упати апел до своите навивачи кои немаат купено сезонски билет тоа да го сторат што поскоро за му помогнат на својот миленик.