Претстојната сезона во најсилната светска кошаркарска конкуренција, НБА екипите ќе се надигруваат не за еден туку за два трофеи.
Како и низ целиот свет НБА го воведе второто натпреварување, НБА купот во кој 30-те екипи поделени во пет групи, а во периодот од 3 ноември до 9 декември ќе се борат за трофејот.
Екипите се поделени во шест групи (по три на истокот и западот).
ИСТОК
Групата А: Филаделфија, Кливленд, Атланта, Индијана и Детроит
Групата Б: Милвоки, Њујорк, Мајами, Вашингтон и Шарлот
Групата Ц: Бостон, Бруклин, Торонто, Чикаго и Орландо.
ЗАПАД
Групата А: Мемфис, Феникс, ЛА Лејкерс, Јута и Портланд.
Групата Б: Денвер, ЛА Клиперс, Њу Орлеанс, Далас и Хјустон.
Групата Ц: Сакраменто, Голден Стејт, Минесота, Оклахома и Сан Антонио.
Победниците од групите (6 екипи), најдобро второпласирани екипи ќе обезбедат пласман во првата рунда од разигрувањето, односно четвртфиналето (4 и 5 декември) во кое ќе се игра по еден натпревар, а „фајнал-форот“ (полуфиналето и финалето) ќе се одржат во Лас Вегас на 7-ми и 9-ти декември.