Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа Шарлот со 76:68 во натпреварот од летната НБА лига, а првиот пик од овогодинешниот драфт, Виктор Вембањама, дебитираше во дресот на Спарс со девет поени.
„Тоа беше посебен момент за мене. Навистина е “кул” да го носам дресот на Спарс за прв пат во мојот живот и тоа е голема чест за мене. Генерално, среќен сум со победата, бидејќи тоа е идеален начин да го одбележам моето деби. Сепак, од друга страна, да бидам целосно искрен, навистина не знаев што правам на теренот, но добро, тоа искуство ќе ми значи многу“, изјави Французинот.
Вембањама признава дека се уште немал доволно време да го запознае тимот и да се прилагоди на се што го чека во најсилната кошаркарска лига во светот.
„Ми требаше време подобро да ги запознаам моите соиграчи и да го разберам начинот на кој функционира тимот и играта. Имам уште многу да работам, и физички и психички, за да можам да ги исполнам сите обврски што ги има играњето во бара НБА лигата“, изјави новиот кошаркар на Сан Антонио.
Младиот Французин на тој меч успеа да фати осум топки и пет пати да ги блокира противничките играчи, но како што вели не е ни блиску до тоа што мисли дека може.