Како што беше најавено деновиве, ФК Вардар веќе ја почна реализацијата. Од вечерва стартуваше продажбата на членските (сезонски) карти на ФК Вардар.
Со купувањето на членските карти, симпатизерите на Вардар не само што ќе можат да ги проследат сите натпревари кои црвено-црните ќе ги играат на домашен терен во прволигашката и куп конкуренција, туку истовремено ќе се соберат средства за клубот, кој е во тешка финансиска состојба.
Затоа апел, до сите пред се членови на фамилијата на „Комити“ да ја поддржат оваа акција.
Соопштението на ФК Вардар интегрално го пренесуваме од нивната официјална Фејсбук страна.