Репрезентациите на Франција и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство за кошаркари до 19 годишни. Ова е епилогот по одиграните полуфинални натпревари на Мундобаскет, што се одржува во Дебреце, Унгарија.
Во нив. Французите ја совладаа селекцијата на САД кој ја имаше улогата на бранител на шампионскиот трофеј од пред две години во Литванија. Младите „Триколори“ во интересен натпревар полн со пресвети ги победија фаворизираните Американци со 89-86.
Затоа пак во второто полуфинале „црвената фурија“ уште по првото полувреме им даде на знаење на Турците дека нема што да бараат во полуфиналниот дуел, кој Шпанците го добија со убедливи 21 поен разлика 83-51.
Така утре во натпреварот за третото место ќе играат САД и Турција, а во финалето за шампионскиот трофеј ќе се борат Франција и Шпанија.
Овие две селекции се сретнаа и во првата фазан на Мундијалот, кога во рамките на А групата Шпанците забележаа убедлива победа со 88-69. Како ќе биде во утрешното финале ќе видиме по натпреварот што ќе почне од 20 часот.