Репрезентацијата на Франција е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство за кошаркари до 19 години, што се одржува во Дебрецен, Унгарија.

Во последниот натпревар од четвртфиналето, младите „Триколорите“ убедливо ја надиграа селекцијата на Србија која ја совладаа со 39 поени разлика 9859.

Така Французите закажаа полуфинален дуел со фаворитот број 1 за трофејот селекцијата на САД. Тој дуел на некој начин ќе биде и реприза од финалето пред две години, кога овие две земји се бореа за трофејот во Литванија, каде Американците се закитија со златото.

Полуфиналниот натпревар меѓу Франција и САД ќе се игра утре од 17.30 часот, а во второто полуфинале (20 часот) ќе играат селекциите на Шпанија и Турција.

Финалето на програмата е во недела