Горан Пандев потврди дека и во иднина останува во екипата што тој ја формираше. Сега со нови спонзори и голема финансиска поддршка, како и визија за развивање на клубот, Пандев ја потврди заложбата дека една од главните цели се младите македонски фудбалери кои кои визијата е да се избори настап во младинската Лига на шампиони.
„Не е точно дека Академија Пандев нема да постои. Клубот само се ребрендира во Брера Академија Пандев.
Јас останувам во клубот како претседател. Имаме визија со луѓето од Америка и ја имам нивната поддршка“, истакна Панндев.
Што се однесува до плановите до Пандев потврди дека неговата замисла клубот да се базира на млади македонски фудбалери е приоритет, па затоа голем фокус ќе биде младинската школа.
„Целта останува иста. Со што е моќно повеќе млади македонски фудбалери да настапуваме не само во Првата лига туку и на европската сцена. Со стручниот штаб кој доаѓа од Италија, веруваме дека овој проект ќе даде резултат за две-три години“, изјави Пандев.
Интервјуто на најдобриот македонски фудбалер на сите времиња во продолжение.