Има ли крај на „лудите“ понуди на Арапите кои како тргнале цел светски фудбал ќе го префрлат на едно место.
Неверојатно звучи информација дека клубови од Саудиска Арабија подготвиле годишна плата од неверојатни 100 миони долари „нето“ за Томас Парти.
30-годишниот Парти имаше важна улога во тимот на Арсенал кој се бореше до крајот за титулата во Премиер лигата. Сега кога тренерот Микел Артета ќе го има на располагање Каи Хаверц, во тек се преговори и со Вест Хем околу Деклан Рајс, па не е изненадување најавата дека репрезентативецот на Гана би можел да го напушти Арсенал.
Ваквата информација ја изнел новинарот од Гана, Ибрахим Дара кој важи за најдобро упатен кога во прашање се фудбалерите од оваа африканска земја.
Имено, за играчот од средниот ред се заинтересирани Ал Хилал, Ал Наср и Ал Калеј, договорот би бил за две сезони што би му донел дури 200 милиони долари на Парти.
Арсенал би можел да смета на сериозно обештетување за играчот за кој пред три години плати 50 милиони евра на Атлетико Мадрид, а најмногу поради фактот што договорот со „топчиите“ на Парти му истекува летото 2025 година.
Саудиска Арабија почна да купува големи фудбалски ѕвезди ширум Европа, земајќи ги предвид споменатите бројки, прашање е дали има лимит кога се во прашање финансиските можности на Арапите!?