Женската репрезентација на Македонија денеска го игра дуелот од 5.коло од Б групата од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот.
Македонија е единствената непоразена репрезентација во оваа група. Нашиот денешeн противник е селекција која постигна три победи (Азербејџан, Албанија и Исланд, додека загуби од Финска).
За оваа репрезентација во Скопје настапуваат Екатерина Висневскаја (23 години, 2 учество, 1228 ВТА ранг) и Даниела Чобану (28 години, 8 учество).
Двете имаат по две победи и еден пораз, а вчера не играа во мечот со Азербејџан.
Во дубл настапија Лиа Белибова и Арина Гамреткија на сите четири меча.
Против селекцијата на Молдавија имаме одиграно еден меч во 2015 година во Црна Гора кога противничките остварија победа од 2:1. Поенот за Македонија го донесе Лина Ѓорческа со победата над Анастасија Вдовенко, додека Магдалена Стоилковска загуби од Чобану, а во дублот Хелберт и Пелпер донесоа победа за Молдавија.
Дуелот Македонија – Молдавија е најинтересниот од Б групата, додека во А групата играат Луксембург и Ерменија меч за првата позиција.
Распоред на дуелите по терени – петок 23.јуни:
Централен терен: Македонија – Молдавија
Терен број 5: Луксембург – Ерменија
Терен број 6: Албанија – Азербејџан
Терен број 7: Финска – Исланд
Терен број 8: Кипар – Црна Гора
Табела Б група: Македонија 4-0 (победи-порази), Финска 3-1, Молдавија 3-1, Албанија 1-3, Исланд 1-3, Азербејџан 0-4.
Табела А група: Ерменија 3-0, Кипар 2-1, Луксембург 2-1, Црна Гора 1-2, Сан Марино 0-4.