Репрезентацијата на Шпанија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство за кошаркарки, чија завршница се игра во Љубљана.

Шпанските кошаркарки, лесно и убедливо со 67-42 ја победија Германија во последниот натпревар од четвртфиналната рунда и го комплетираа списокот на четирите репрезентации кои ќе се борат за медалите.

Шпанија за противник во полуфиналето ќе ја има Унгарија која во драматична заврница беше подобра од Чешка.

Белгија и Франција беа доминантни во четвртфиналните дуели со Србија и Црна Гора кои ги совладаа со 40 односно 43 поени разлика, па во сабота Белгијките и Французинките ќе се борат за место во финалето.

Четирите селекции полуфиналисти обезбедија и пласман на олимпискиот квалификациски турнир во Париз.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ)
1/4 ФИНАЛЕ
УНГАРИЈА – ЧЕШКА 62 : 61
БЕЛГИЈА – СРБИЈА 93 : 53
ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА 89 : 46
ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА 67 : 42
1/2 ФИНАЛЕ (сабота)
17.45  УНГАРИЈА – ШПАНИЈА
20.45  БЕЛГИЈА – ФРАНЦИЈА