Украинците се внимателни во изјавите пред утрешниот натпревар против Македонија во Скопје. Свесни се дека ги чека тежок и мотивиран противник кој бара и реванш.
Иако на последниот меѓусебен дуел на Европското првенство 2021 во Будимпешта, успеаја да слават победа сепак во гостинскиот табор сметаат дека утрешниот дуел ќе биде далеку потежок.
„Македонија има многу квалитетни играчи. Затоа мораме добро да обрнеме внимание на сите нив. Тоа го покажаа и на натпреварот на ЕП кој беше тежок натпревар. На тој дуел имавме среќа.
Затоа сега сериозно се подготвуваме за утрешниот натпревар бидејќи во редовите на Македонија има повеќемина играчи кои настапија на тој мечот во Будимпешта, па знаат како да одиграат против нас.
Тие сигурно ќе сакаат да ни се реваншираат за тој пораз“, изјави Тарас Степаненко.
Колку и дали Украинците се подготвени за она што ги чека на арената „Тодор Проевски“ ќе видиме утревечер во мечот што ќе започне од 20.45 часот.