Фудбалскта репрезентација на Украина од вчера е во Скопје, а утревечер ќе се „судрат“ со Македонија во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Дека Украинците сериозно му пристапуваат на мечот потврдуваат и фотографиите од нивниот утрински тренинг направен во хотелот, а по ручекот тие попладнево ќе се запознаат со арената „Тодор Проевски“ каде каде ќе го одработат и тренингот пред утешниот натпревар.
Во составот ќе ги нема повредените, Валери Бондар и Александар Пахалионок, но сите останати му се на располагање на новиот селектор Сергеј Ребров, кој пред тренингот ќе ја одржи и задолжителната прес конференција.
Потсетување дека Украина беше наш противник на Европскиот шампионат 2021 година во Унгарија, каде нé совладаа со 2–1 (ВИДЕО) . Тие ќе се обидат да го повторат резултатот, а македонските фудбалери пак ќе сторат се за да им се реваншираат.
Кој ќе биде епилогот ќе дознаеме по утрешниот натпревар што ќе започне од 20.45 часот.