Со „Супер дербито“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе започне новата сезона 2023/2024 во машката ракометна Супер лига.
Вака „посака“ денешната ждрепка одржана во просториите на Ракометната федерација на Македонија, во која 16-те екипи беа поделени во две групи, а според пласманот од претходната сезона.
Шампионот Еурофарм Пелистер и Алкалоид како носители беа поделени во групите Б и А, па од вториот шешир беа извлечени екипите на Вардар и Тиквеш кои беа трето и четврто рангирани.
Ждрепката не само што посака во иста група да бидат најголемите претенденти за трофејот, туку според извлечените редени броеви, двата тима ќе играат во првото коло.
Сезоната ќе стартува на почетокот на септмеври, а точниот датум во договор со селекторите ќе биде дополнително одреден.
Како и лани четирите првопласирани екипи ќе продолжат во плеј-оф конкуренцијата, односно борбата за шампионскиот трофеј, а другите ќе раздигуваат за опстанок во плеј-аут лигата.
А ГРУПА 1 Струга 2 Куманово 3 Тиквеш 4 Скопје 5 Алкалоид 6 Еурофарм Пелистер 2 7 Аеродром 8 Охрид |
Б ГРУПА 1 Пролет 2 Прилеп 3 Вардар 4 Мулти Есенс 5 Голден АРТ 6 Еурофарм Пелистер 7 Бутел Скопје 8 Вардар Неготин |
Ивона Кимовска