Хрватска е првиот финалист во Лигата на нациите. Хрватите иако играа во Ротердам на теренот на Холандија, сепак поддршката од над 15.000 Хрвати им влејаа чувство на „коцастите“ како да играат дома, е првата импресија на капитенот Лука Мориќ.

„Пред натпреварот излеговме да се загреваме и бевме пријатно изненадени од бројот на нашите навивачи.
Се чувствувавме, како што и самите кажавте, како дома“, изјави Модриќ по мечот.

Што се однесува до текот на натпреварот и она што Хрватите ги очекува Модриќ додаде.

„Можеби не влеговме како што треба во првите 15-20 минути.
Како што одминуваше играта, ние станувавме подобри. Заслужено победивме. Можеби можевме да ги избегнеме тие продолженија. Завршивме само половина. Тоа мора да го потврдиме во недела“.

Иако запрашан Модриќ не сакаше да открие дали во неделното финале ќе се збогува со дресот на хрватската репрезентација.

Хрватска сега ќе го чека исходот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе играат Шпанија и Италија.