Пред дуелот од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Италија и Шпанија, ветеранот во одбраната на Италија, Леонардо Бонучи одржа прес-конференција.
Италијанскиот дефанзивец вели дека е среќен што ќе се одмори од маките во Јувентус и ќе најде засолниште во репрезентацијата на Италија. Одзимањето на бодовите и тешките натпревари оваа сезона беа проблематични за „старата дама“.
„Ова беше многу тешка сезона за мене. Ја започнав кампањата во тимот, но потоа промените во селекцијата и повредите значеа дека не настапив толку многу во вториот дел од кампањата. Би сакал да му се заблагодарам на главниот тренер што ме повика, иако играв само против Удинезе меѓу последните натпревари на Јувентус. Навистина е свеж воздух да се биде овде затоа што имаш одлична група момци. Се надевам дека ќе успеам да ги одиграм двата натпревари бидејќи е од клучно значење да си дадам одговор кој сум во овој момент како играч и дали сè уште сум голем играч за сите. И целата делегација на Италија навистина ми пренесува позитивни вибрации. И тоа е најдоброто нешто што навистина можете да го почувствувате околу себе. Имам уште една година од мојот договор, но мојата цел е да се обидам да уживам во следните два натпревари“, вели Бонучи.
Натпреварот меѓу Шпанија и Италија ќе се одигра вечерва со почеток од 20:45 часот.