Екипата на Денвер победа со 1:0 во победи против Мајами во големото финале на НБА лигата. Пред своите симпатизери „Нагетс“ ги совладаа „Хитс“ со 104-94.
Освен во воведните 2 минути кога екипите неколкупати се сменија во водство, се натаму беше чиста доминација на Денвер, кој ја продолжи успешната низа на победи во првите натпревари од годинашните плеј-оф.
Никола Јокиќ и овој пат беше предводник на „Нагетс“ во победата отстранувајќи нов трипл-дабл. Србинот средбата ја заврши како најефикасен играч со 27 поени на кои додаде 14 асистенции и 10 скокови. 14-те успешни додавања кон соиграчите го направија Јокиќ рекордер во НБА лигата кога во прашање се асистенциите на еден финален натпревар.
За победничката екипа, Џамајл Мареј имаше дабл-дабл со 26 поени и 10 скокови, а на спротивната страна двоен ефект со 26 поени и 13 скокови оствари Бам Адебајо.
Кај Мајами овој пат потфрли Џими Батлер кој постигна скромни за него 13 поени.
И следниот натпревар во серијата подобар до четири победи ќе се игра повторно во Денвер веќе во понеделник во 2 часот наутро.