Екипата на Љуботен успеа да ја одбрани титулата во Првата македонска женска фудбалска лига.
Ова за нив значи и двојна титула оваа сезона, откако претходно успеаја да го освојат купот на Македонија.
Во денешното последно коло, ви директна пресметка со главниот конкурент, Каменица Саса, одиграа 1:1, што им беше доволно за да го зачуваат првото место.
Со вкупно 54 бодови, односно три повеќе од Каменица Саса, Љуботен успеа да ја одбрани титулата.
Филип Василевски