Столе Димитривски и Рајо Ваљекано триумфираа во предпоследниот дуел во Ла Лига против Виљареал. Додека, во шпанската Ла Лига последното коло ќе биде тоа што ќе одлучува кој останува во елитата. Шампион оваа сезона е Барселона, додека Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад ќе играат во Лигата на шампионите. Лига Европа ќе играат Виљареал и Бетис. Еспањол и Елче од следна сезона ќе играат во втората шпанска дивизија, додека за последниот патник во Ла Лига 2 ќе се дознае во последното коло.

Столе не успеа да ја зачува мрежата, но затоа успеа да донесе победа за Рајо, многу значајна за неговиот тим. Со резултат од 2:1 Рајо останува во теоретска борба за Конференциска Лига. Стрелци на головите беа Раул де Томас и Иси Палазон за Рајо, додека за Виљареал почесен гол даде Џиовани ло Селсо. Реал Мадрид вчера си ја заврши својата работа против Севиља каде триумфираше со 2:1. Денеска Барселона триумфираше против Маљорка. Со головите на Фати и голот на Гави. Атлетико Мадрид триумфираше против Реал Сосиедад со 2:1. Гризман и Молина беа стрелци за Атлетико, а за Сосиедад почесниот гол го даде Сорлот. Ваљадолид изигра 0:0 со Алмерија и со тоа на некој начин си даде уште една шанса за елитата. Еспањол до последните моменти имаа теоретска шанса за опстанок, но Валенсија со гол во 93.та минута за 2:2 им го згасна сонот на вториот каталонски тим. Кадиз со победа од 1:0 над Селта Виго им го загорчи опстанокот на гостите.

Во Ла Лига скоро се е одлучено нема преголеми калкулации. Шампион е Барса, Реал, Атлетико Мадрид и Сосиедад се патници во европската елита, Лига Европа ќе играат Бетис и Виљареал. Опстанок не обезбедија Еспањол и Елче. За Конференциската Лига ќе се борат Рајо и Столе против Жирона, Атлетик Билбао и Осасуна. Последното место во Ла Лига 2 ќе биде резервирано за некој од Ваљадолид, Селта, Алмерија, Кадиз и Гетафе кои сите се на највеќе два бода разлика од црвената опасна зона.

Андреј Велјаноски