На денешните три бараж натпревари ги добивме новите три второлигаши, место има уште за две од поразените екипи.

Екипата на Тетекс го задржа второлигашкиот статус и следната сезона повторно ќе го гледаме во Втора лига. Тетовчани на стадионот Борис Трајковски во Скопје ја оправдаа улогата на фаворити и ја совладаа екипата на Осогово со високи 6:1.

Башкими после 15 години пауза од нивното распаѓање, повторно на големата сцена. Кумановчани во Тетово славеа со 3:0 против екипата на Влазерими и Куманово повторно ќе гледа второлигашки фудбал.

Најнеизвесен беше натпреварот во Кичево, каде што се сретнаа екипите на Новаци и Вардар Неготино. Новаци имаа водство се до последната минута, кога неготинци израмнија и регуларниот дел заврши 1:1, а потоа следеа пеналите. Вардар Неготино имаше повеќе концентрација и славеше во пенал серијата со 3:2.

БАРАЖ ЗА ВТОРА ЛИГА
ТЕТЕКС – ОСОГОВО 6:1
ВЛАЗЕРИМИ – БАШКИМИ 0:3
НОВАЦИ – ВАРДАР НЕГОТИНО 1:1 пенали 2:3

Филип Василевски