Француската лига скоро се комплетираше бидејќи веќе во предпоследното коло, табелата е позната. ПСЖ е старо-нов шампион, додека во Лигата на шампионите патник е и екипата на Ленс.
Марсеј ќе игра квалификации за елитната европска лига. За Лига Европа и Конференциската Лига ќе се одлучува во последното коло. Сигурни патници во втората дивизија се Анже, Ајачио и Троја.
ПСЖ си ја заврши шампионската сезона со реми од 1:1 со Стразбург. Лео Меси даде гол за 1:0, а конечните 1:1 ги постави Кевин Гамеиро. Ленс рутински со 3:0 против Ајацио осигураа место во Лигата на шампионите. Стрелци на головите беа Деивер Мачадо, Адрием Томасон и Луис Опенда. Марсеј иако загуби од Брест со 2:1 натпреварот им беше чиста формалност.
Хуго Магнети и Махди Камара беа стрелци за Брест. Чансел Мбемба го даде почесниот гол за Марсеј. Анже иако победија против Троја натпреварот беше без значење за двете екипи кои веќе знае дека се патници во втората француска лига.
Во последното коло ќе се одлучат сите патници за Лига Европа и Конференциската Лига, каде во борба се сеуште Лил, Рен и Монако. Исто така, последниот патник за втората лига ќе се одлучи во последното коло, а борба ќе водат Нант и Оксер.
Андреј Велјаноски