Баскет Кам го симна од „тронот“ Бадел и ја освои втората шампионска титула во домашното, македонско кошаркарско првенство. Тимот од Македонска Каменица ја доби и третата финална пресметка со „баделки“ славеа со 68-58 и со максимални 3:0 во победи ја заокружија финалната серија.
Иако домашниот тим одигра добро прво полувреме кое го реши во своја полза со 33-26.
Во вториот дел гостинките беа оние го диктираа темпото, но и резултатот. Во третиот период кој Баскет Кам го доби со 15-6, беше најавен пресвртот, па во последната четвртина гостинките само ја одржуваа предноста и на крајот заслужено се радуваа.
Елена Тасевска која реализира 5 тројки, а средбата ја заврши со 22 постигнати поени сосема заслужено го понесе признанието за најкорисна кошаркарка на финалето МВП.
За Баскет Кам ова е втор шампионски трофеј во нивната кратка клупска историја, откако првиот го освоија пред две сезони токму во дуелот со Бадел од кои лани беа поразени.
Со овој натпревар спуштена е завесата во женскиот сегмент на мак-баскетот во сениорска конкуренција.