Пелистер и ТФТ Моцард попладнево во Битола ќе го играат првиот полуфинален дуел од плеј-офт.
Еден од оние кои најдобро ги познава двата тима е македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко кој минатата сезона го носеше црниот дрес на тимот од Тафталиџе, кој го замени со зелениот на битолскиот клуб.
„ТФТ е квалитетен тим, играат квалитетна, брза кошарка. Играат, односно форсираат шут за три поени. Затоа треба да обрнеме внимание, да го спречиме нивниот шут од далечина и таа некоја транзиција ако сакаме да биде успешни и да победиме. Во вакви натпревари одлучува борбата, желбата за победа. Би сакал арената во Битола да биде исполнета до последното место, онака како што беше на ракометното дерби кога играа Пелистер Еурофарм и Вардар. Затоа ги повикувам сите битолчани да дојдат и да нè поддржат“,
вели Маслинко.
Ќе ја исполнат ли салата „Боро Чурлевски“ популарните „Чкембари“ ќе видиме на натпреварот што ќе започне од 18.30 часот а кој може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ