Третиот финален натпревар во женското кошаркарско првенство помеѓу Баскет Кам и Бадел закажан е за вечерва од 19 часот во Скопје во салата „Независна Македонија“ во населбата Кисела Вода.
По првите две средби во Македонска Каменица, тимот на Баскет Кам максимално ја искористи предноста на домашниот терен и има предност од 2-0 во серијата против Баделки со што е на чекор од втората шампионска титула од која ги дели само уште една победа.
За разлика од првиот меч кои Баскет Кам го добија со убедливи 33 разлика, сепак во вториот меч Бадел покажа во текот на целиот меч зошто се уште е шампион на Македонија. Сепак имаа сила само до последните 10.минути кога домашниот состав подобро се снајде и го скрши отпорот на Бадел за нова победа овојпат со девет коша разлика.
Дали актуелните шампионки Бадел толку лесно ќе се откажат од борбата за нов пехар или пак гостинките од Каменица уште утре ќе го подигнат шампионскиот пехар останува да видиме.
Дали Бадел ќе стигне до првата победа во финалната серија против Баскет Кам? Останува ова прашање да ни го одговорат по натпреварот што започнува в недела во терминот од 19 часот.
Потсетување финалната серија се игра во три добиени натпревари, а следните две средби ќе се играат во Скопје.
Традицијата е на страната на Бадел 1862.
Ова е впрочем, само трето појавување на Баскет Кам 2011 во големото финале кое го дава шампионот во женска конкуренција. Од друга страна зад Бадел 1862 се пет освоени титули, по ред, во периодот од 2013 до 2018 година, и настап во последните финални серии, загубија (од Вардар и токму Баскет Кам 2011).
Низ историјата
Ова е 30-та финална серија од плеј-офот од постоењето на македонската клупска кошарка во женска конкуренција.
Прв освојувач на шампионската титула, во сезоната 1992/1993, е екипата на Иноспектар Студент.
Вигор Скопје пак е најтрофејната. Под тоа име „вигорки“ осум пати му се радувале на шампионскиот пехар, и уште шест под името Бадел 1862.
Четири пати шампион на Македонија во оваа конкуренција била екипата на Кимико од Струга (2002 до 2006 година).
Во два наврати шампионските одличја ги добиле кошаркарките на Тиквеш (Флорида, Балкан) во сезоните 1993/94 односно 2001/2002,
Свое место во историјата на женската кошарка, како шампиони, има и за: Агроопрема, Водњански Лисици, Младинец Изградба комерц, Кросиг и Вардар, а од пред две години и Баскет Кам од Македонска Каменица.
Томислав Атанасовски