Екипата на Алкалоид не успеа во своето прво учество на завршниот турнир во Купот да се избори за финалето откако бранителот на трофејот Вардар славеше со 31:22. Тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров по дуелот истакна:

Сосема заслужена победа на Вардар. Играчите на Вардар повеќе ја посакуваа победа, особено што сакаат да ја завршат сезоната со еден трофеј и со тоа до некаде да им се „реваншираат“ на Е.Пелистер. Сметам дека таа желба кај Вардар може да биде и пресудна и во финалето особено што со голем дел од овие играчи има играно во репрезентацијата. За нас ова беше големо искуство. Ние сме тим само од домашни играчи со просек од 21 година. Имавме лош период во првиот дел и промашени 20 шутеви од кои 90 % беа зицери. Но и Томовски беше перфекте.

За составот на Алкалоид остануваат уште последните два дуела од првенството против Е.Пелистер 2 (дома) и Вардар (гости).